„Сакам да ја достигнам истата енергија како Надал и Федерер“

Канадската тенисерка Лејла Фернандез говореше за Роџер Федерер и Рафаел Надал. Финалистката на УС опен има само 19 години и пред неа е светла иднина.

Неодамна во Њујорк триумфираше над Осака, Свитолина, Кербер и Сабалјенка, но во финалето загуби од година дена помлада Ема Радукану.

„Кога бев мала ги гледав мечевите на Надал и Федерер и видов како навивачите реагираат на нив. Сакам и јас нешто такво да му донесам на тенисот, да играм со иста енергија и да ставам насмевка на нивното лице. Сакам да им биде убаво и забавно кога ќе ги гледаат моите мечеви“, изјави Фернандез. 

Се вчитува...