Салах даде гол и испиша историја (видео)

Ливерпул поведе со 0-1 по 55 секунди игра на гостувањето против Митјиланд откако Мохамед Салах одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го матираше голманот на данскиот првак.

Со овој гол, Салах испиша историја и стана најдобар стрелец на Ливерпул во Лигата на Шампионите. Ова беше 22. гол на Салах во елитното европско натпреварување, со што тој го мина Стивен Џерард на врвот на оваа листа.

 

Се вчитува...