Салах доби погрда статуа и од Роналдо (фото)

Склупторот што ја направи првата статуа на Кристијано Роналдо, која беше цел на потсмев на фудбалската јавност, доби сериозна конкуренција откако беше обелоденета статуата на Мохамед Салах.

Склупторот Маи Абдел Алах се пофали со своето дело, кое е изложено на Светскиот Младински Форум во Шарм Ел Шеик, во кое Салах е пресликан „со отворени раце славејќи со навивачите“, како што опишува авторот.

Сепак, фудбалските фанови се мачат да пронајдат сличност меѓу египетскиот голгетер и склуптурата. Ако е за утеха, истата ќе биде изложена пред јавноста само од 3 до 6 ноември. А потоа… авторот најверојатно „ќе оди на поправен“.

Се вчитува...