Салах добива закани од Египет – „Мајка ти се уште живее овде…“

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, добива сериозни закани од родниот Египет, откако јавно прозборе за проблемите и ги прозва луѓето од Египетската фудбалска федерација за пропустите и прекршоците што ги прават. Првичниот проблем меѓу најдобриот египетски фудбалер со националната фудбалска федерација се појавија поради злоупотребата на маркетиг правата на фудбалерот и користењето на неговиот лик без негова дозвола.

Пред неколку дена, Салах на Фејсбук објави видео во кое зборува против Египетската фудбалска федерација.

Не барав никаков специјален третман од страна на Египетската фудбалска федерација. Не се гледам како нешто повеќе од моите соиграчи. Кога говорам за проблемите што ги имавме на СП во Русија, би сакал да зборувам и во нивно име, но го немам тоа право. Во репрезентацијата има поважни и повозрасни играчи од мене. Не зборувам за да предизвикам проблеми, сакам само да ја раскажам мојата верзија на настаните, како што направија и од Федерацијата. Не ми се допаѓа како го избегнаа главниот проблем. Ни организираат патувања во економската класа, што е заморно за секој играч. Сите други африкански тимови летаат во бизнис класа. Јас не сум капитен, но тоа некој мораше да го каже. Тоа е така и јас сум подготвен да носам одговорност за овие мои зборови“ – вели Салах.

Изјавата на фудбалерот на Ливерпул предизвика спорни рекации кај некој од членовите на Египетската фудбалска федерација, па дури и закани упатени кон Салах.

Членот на Управниот одбор на Федерацијата, Халид Латиф на Салах му испрати заканувачка порака на Твитер:

„Сакам да те потсетам, Мохамед Салах, дека мајка ти се уште е во Египет. Ти си во странство и можеш да правиш што сакаш. Тие што разбираат, ќе разберат…“

Неговиот колега од бордот на Федерацијата, Магди Абд Ел Гани, пак објави фотографија на социјалните мрежи и го нарече Салах „прасе“

„Еве ја мојата снимка со четворица играчи и со едно прасе во бело“ – напиша Ел Гани.

 

Се вчитува...