Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруине го игра своето последно финале во дресот на „граѓаните“, а се очекува наскоро да биде објавен неговиот следен клуб, откако стана јасно дека тој ќе си замине од некогашниот англиски првак.
Ако се прашува Мохамед Салах, тогаш следниот негов клуб треба да биде Ливерпул. Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин де Брујне, за се што направи за Премиерлигата во изминатта деценија.
„Сакам да му честитам за сè што постигна во кариерата досега. Тој заврши фантастична работа во Манчестер Сити и имаше неверојатен придонес во развојот на Премиер лигата и навистина му посакувам се најдобро. И секако дека имаме место тука за него“, рече Мо Салах низ смеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА