Салах му кажал „НЕ“ на Реал и по заминувањето на Роналдо

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах му удрил уште една ’корпа’ на европскиот првак Реал Мадрид. Раководството на „кралскиот клуб“ се обидело да го доведе Салах на „Сантијаго Бернабеу“ веднаш по продажбата на Кристијано Роналдо во Јувентус, но Египќанецот рекол „НЕ“.

Тој сака да остане верен на Ливерпул и да се обиде со „црвените“ да стигне до титула во Премиер – лигата.

Откако челниците на Реал Мадрид увиделе дека немаат никакви шанси да го купат Салах, тие се фокусирале на Еден Азар од Челси. Сепак, неизвесно е дали ќе успеат и Белгиецот да го доведат во Мадрид.

Се вчитува...