Салах: Не почувствував искреност од Рамос, некои луѓе не ја почитуваат фудбалската игра

Најдобриот фудбалер на Ливерпул во последната деценија, Мохамед Салах се наврати на финалниот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2018 година кога „кралевите“ славеа, а тој поради повреда уште во раната фаза мораше да го напушти мечот.

Салах се повреди по еден дуел против Серхио Рамос, а никогаш не се докажа дали стартот на Шпанецот беше намерен или не. По седум години Салах говореше за целата ситуација велејќи дека иако Рамос се извинил тој не почуствувал искреност од него.

„Ми се јави таа ноќ за да ми каже дека му е жал и дека не било намерно, но јас не можев да му вратам и да го прифатам извинувањето бидејќи чув лага во неговиот глас. Луѓето мислат дека тоа е само повреда, но јас тогаш сфатив дека сите луѓе не ја почитуваат фудбалската игра. Некои луѓе попрво би те повредиле, отколку да изгубат од тебе“, изјави Салах. 

Се вчитува...