Управата на Трабзонспор ја одби оставката на тренерот Фатих Теке, која ја поднесе по поразот од Ференцварош во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.
Турскиот тим кој летово ја изненади фудбалската јавност со ангажманот на Мохамед Салах, лошо ја започна новата сезона, двапати загуби од Ференцварош во баражот за пласман во Лигата на Европа, прво на домашен терен беше поразен со 1:0, а во четвртокот во Будимпешта доживеа дебакл губејќи со 4:0, по што Теке веднаш поднесе оставка.
Управата на Трабзонспор следниот ден ја одби понудената оставка и одлучи Турчинот да остане на клупата на тимот кој има големи амбиции сезонава.
Теке на клупата на Трабзонспор седна во март минатата година, и успеа да триумфира во Купот на Турција, а во шампионатот заврши на третото место.
Трабзонспор кој ова лето потпиша до две поранешни ѕвезди на Луверпул, Мохамед Салах и Фабињо, ќе игра во групната фаза во третото по квалитет европско клупско натпреварување, Лигата на конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
