Салах одлучен: Ако дојде Израелец во Ливерпул, јас си заминувам!

Ливерпул покажа голем интерес за напаѓачот на Салцбург, Израелецот Монес Дабур, но тоа наиде на реакција од нивниот најдобар играч – Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец најави дека ќе си замине од клубот, ако го донесат Израелецот.

Причина се лошите односи што владеат меѓу Израел и Египет кои во минатото многупати војувале меѓусебе, а Салах во никој случај не сака да ја дели соблекувалната со човек од Израел, објавија медиумите во Израел.

По ваквата реакција се претпоставува дека Ливерпул ќе се откаже од ангажманот на Дабур бидејќи сепак, многу поважен им е Салах кој во изминативе две сезони е главен играч во тимот.

Мохамед Салах стана главна ѕвезда на Ливерпул, играч кој постигнува голови и од кого може да се очекува невозможно. Египетскиот фудбалер во вистинско светло блесна минатата сеозна откако се пресели од Рома во Ливерпул.

Салах и претходно во кариерата имаше „епизода“ со израелските фудбалери. Во 2014 година додека настапуваше за тимот на Базел, тој во Швајцарија одби да се ракува со фудбалерите на Макаби Тел Авив, а една недела подоцна на вториот меч во Тел Авив, наместо да се ракува, Салах се поздравуваше со тупаница.

Се вчитува...