Салах плачеше, селекторот на Египет веднаш си доби отказ

Јужноафриканската република го уништи сонот на Египет пред своите навивачи да дојде до трофејот во Африканскиот куп на нации 2019.

По поразот солзите не можеше да ги сокрие фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој се вклопи во сивилото на целиот тим на мечот против ЈАР.

Салах плачеше, а Мексиканецот Хавиер Агуире доби отказ на селекторската функција. Отказот му беше врачен само два часа по завршувањето на осминафиналната пресметка во која домаќинот во Каиро загуби од ЈАР со 0-1.

Претседателот на Египетскиот фудбалски сојуз, Хани Або Рида, откако му врачи отказ на Агуиер ги повика и сите членови на Извршниот одбор на чело со него заеднички да поднесат оставки „од морални причини“, иако „фудбалскиот сојуз дал комплетна материјална и морална поддршка на националниот тим“.

Се вчитува...