Салах потпиша: Дојдов за да освојувам трофеи со Ливерпул

Мохамед Салах од вечерва и официјално е нов член на Ливерпул откако египетскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи, по што го стави својот потпис на договорот со клубот од „Енфилд роуд“. Крилниот фудбалер воедно и станува најскап фудбалер во досегашната историја на Ливерпул, откако „црвените“ се согласија да платат 39 милиони фунти на Рома за Салах, со што е урнат досегашниот рекорд на Енди Керол, кој го чинеше Ливерпул 35 милиони фунти пи трансферот од Њукасл.

Уште од првиот ден овде можам да ветам дека ќе давам 100% од себе на секој натпревар. Дојдов за да освојувам трофеи со Ливерпул, да дадам свој придонес за овој тим да се врати на врвот. Знам дека Ливерпул има одлични играчи и квалитетен тим. Очигледно е дека тренерот дава се од себе, се надевам дека заедно ќе ја оствариме целта и Ливерпул веќе од следната сезона ќе почне да освојува трофеи“ – кратко изјави Салах по потписот на договорот.

Египетскиот фудбалер ќе го носи дресот со број 11 на Ливерпул што досега му припаѓаше на Роберто Фирмино, откако Бразилецот се согласи во новата сезона да ја земе „деветката“ на трофејниот англиски клуб.

Се вчитува...