Салах пред Реал: Многу е сменето, ние сме шампиони, а „кралевите“ го немаат најдобриот играч во историјата

Мохамед Салах е во центарот на вниманието во пресрет на четвртфиналните дуели од Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. „Фараонот“ на англискиот првак настрада при еден неспортски старт на Серхио Рамос на финалето пред две сезони, но Салах не сака да се навраќа на тој инцидент, упорно останувајќи фокусиран само на претстојните предизвици.

Асот на Ливерпул го интервју за весникот „Марка“ говореше за дуелите со „кралевите“, потенцирајќи дека голем плус за Ливерпул е што во Реал веќе не настапува Кристијано Роналдо, кого Салах го смета за најдобар фудбалер во историјатa на овој спорт.

„Немав некоја желба пред ждрепката, дали да го добиеме Реал или некој друг тим бидејќи ова е четвртфинале од ЛШ и веќе нема слаби ривали. Пред се, воопшто не сакам да се навраќам на оној дуел во Киев бидејќи многу работи се сменети од тогаш. Пред се, ние сме сега шампионски тим, со трофеи од ЛШ и од Премиер-лигата. Реал исто така е послаб од тогаш, „кралевите“ сега го немаат најдобриот играч во историјата“, прокоментира Салах.

Најдобриот стрелец на Ливерпул повторно беше прашан за можноста тој да се пресели во Шпанија и да заигра за Реал Мадрид и за Барселона.

„Тоа е прашање за кое не одлучувам јас, туку управата на клубот со кој имам договор. Сметам дека сега не е момент да се водат дискусии на оваа тема, но во фудбалот се случуваат различни работи, па секако дека е можно во иднина да заиграм во Шпанија“, истакна Мохамед Салах за „Марка“.

Се вчитува...