Салах стана почесен граѓанин на Чеченија

Најдобриот фудбалер на Египет, Мохамед Салах, стана почесен граѓанин на Чеченија. Тој беше одликуван од претседателот Рамзан Кадиров.

Фудбалскиот камп на Египет за време на Светското првенство се наоѓа во главниот град на Чеченија, Грозни, а свечениот момент се одржа во палатата на претседателот Кадиров. Салах претходно доби и специјална торта од Рамзан Кадиров за неговиот 26. роденден, кој го прослави токму во текот на Мундијалот.

Се вчитува...