„Салах треба да зема иста плата како Роналдо, Лукаку, Де Брујне“

Прославениот ас на Ливерпул Роби Фаулер, проговори за односот на Мохамед Салах и Ливерпул. Египќанецот во последните денови ја разбранува јавноста по најавите дека може да се пресели во Реал Мадрид.

Тој истакнува дека Ливерпул треба да направи се да го задржи Салах, и дека не смее да си дозволи во еден преоден рок да остане без Сане и Салах заедно, и смета дека треба да му се покачи платата на исто рамниште како најплатените играчи во Премиер-лигата.

„Клубот направи многу лоши пресметки со Сане. Тој побара нов договор како најдобрите играчи во Англија, и јас не го обвинувам. Во моментов Мане е ѕвезда од светска класа. Сега Ливерпул треба добро да направи пресметки за Салах. Јасно ми е дека нема да ја зголемат платата да го задржат. Да беа подготвени на тоа, ќе го направеа досега. Но, не можам да го обвинам и Салах што бара поголема плата. Тој е најдобар стрелец во Премиерлигата. Не ми се допаѓаат неговите зборови дека ќе остане на Енфилд и следната сезона без разлика што и да се случи. Тоа мене ми звучи дека или дај ми пари, или загубиме ме бесплатно. Што повторно е фер. Тоа е негово право. Јас мислам дека заслужува плата како Де Брујне, Лукаку, Роналдо, Санчо кои имаат највисоки плати во Премиер-лигата“, пишува Фаулер во колумна за „Мирор“. 

Се вчитува...