Салах во дилема: Шпанија или Франција?

Mохамед Салах е во дилема за трансфер во ПСЖ или во некој од шпанските фудбалски гиганти, откако напаѓачот и понатаму нема договр со Ливерпул за продолжување на соработката.

Египетскиот голгетер уште не се обврзал на потпишување на нов договор со Ливерпул, откако сегашниот му завршува во јуни 2023 година, оставајќи можност за трансфер во Барселона или Реал Мадрид или преселба во Пари Сен-Жермен.

Оваа сезона тој е најдобар стрелец во Премиерлигата со 22 гола, а беше прогласен и за фудбалер на годината од стрна на англиските новинари.

Од пристигнувањето од Рома во 2017 година, Салах со Ливерпул ја освои Премиер-лигата, Лигата на шампионите и Карабао купот. Клубот би сакал да го заддржи на „Енфилд“, посебно откако менаџерот Јирген Клоп го проолжи договорот, меѓутоа нема да ризикува тој да замине бесплатно, објавува „Телеграф“.

Се вчитува...