Салата секогаш полна – Вардар е трет најгледан тим во ЛШ

Вардар цела сезона има огромна поддршкка на сите домашни натпревари во Лигата на шампионите, па не е никакво изненадување што „црвено-црните“ се наоѓаат при самиот врв на клубови кои имаа најголема поддршка во текот на изминатата сезона од елитното европско натпреварување.

Истражувањето покажало дека Вардар е еден од ретките тимови кои имаат идентична публика како лани, па во просек во Скопје го бодреле по 5.168 навивачи по натпревар. „Вардарци“ се трети на листата на најгледани домашни клубови, на чиј врв се наоѓа Кил со просечни 9387 навивачи, пред Загреб со 6.663 фанови по натпревар. Сепак, мора да се истакне дека и кај Кил и кај Загреб е очигледна намалената посета во однос на претходната сезона, што воопшто не е случај со македонскиот првак, кој се наоѓа пред Веспрем, Нант, Фленсбург…

Вториот македонски претставник во ЛШ, Металург, се наоѓа на 21. место од вкупно 28 клубови. „Металурзите“ на домашните средби во СЦ „Борис Трајковски“ во просек ги гледале по 2.364 гледачи по натпревар, што е огромен пад во споредба со лани, кога „пулените“ на Червар беа бодрени од 3.753 фанови по меч.

Најслабо бодрени клубови во ракометната Лига на шампиони сезонава се Бешикташ со просек од 1.108 гледачи по натпревар и Спортинг Лисабон со просечна посетеност од 1.008 навивачи на домашните натпревари.

Се вчитува...