Салернитана го бара Несторовски за опстанок во Серија „А“

„Фенерџијата“ во Серија „А“ тимот на Салернитана е новиот тим кој се вклучи во трката за потписот на Илија Несторовски. Напаѓачот на Удинезе е на мета на неколку клубови, откако по враќањето на повредата не е во комбинација за тимот од Удине.

Лече е еден од клубовите кои исто така имаат интерес да го земат Несторовски, шест месеци пред истекот на договорот. Се очекува Удинезе да не му прави проблеми и да го пушти без обесштетување македонскиот голгетер.

Салернитана е последнопласиран тим на табелата со 10 бода, или осум помалку од Венеција кој е на „сигурното“ место за опстанок во Серија „А“. Несторовски има големо искуство со играње во Италија. Тој веќе шеста година е во Италија. Претходно пред Удинезе играше за Палермо.

Се вчитува...