Салихамиџиќ до Нагелсман: Подобро да одиграме уште некое реми, отколку да имаме незадоволни играчи

Три ремија по ред има екипата на Баерн Минхен во Бундеслигата, нешто што одамна се нема случено на најтрофејниот германски тим. Нешто се случува во таборот на „Баварците“ во последните две години, кога тимот не доминира онака како што се очекува.

Последното реми со Штутгарт на домашен терен ја отвори „пандорината кутија“ во таборот на Баерн. Најпрво се огласи Томас Милер кој што после освоениот бод кажа дека е лут на екипата.

„Првпат во кариерата сум лут на екипата. Мислам дека мораме да сфатиме дека ако сакаме да победуваме на сеокј меч, мораме да играме до крај и да бидеме фокусирани. Треба да разбереме дека сме во опасност во моментов со бодови“, рече Милер. 

Се огласи и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Му реков на нашиот тренер дека е подобро да играме повеќепати нерешено, отколку да имаме многу незадоволни играчи во екипата“, изјави спортскиот директор на „Баварците“. 

Нагелсман се реши на клупа да ги остави Мане, Павар, Хернандез и Сане кои имаа статус на првотимци на минатите меча.

Се вчитува...