Салихамиџиќ им се закани на фудбалерите: Ајде, сега да ве видиме вас на терен!

По отказот за Карло Анчелоти, кој како што се знае следеше по притисокот кој го направија фудбалерите на Баерн Минхен врз раководството на клубот, се огласи и Хасан Салихамиџиќ кој на некој начин им се закани на играчите нагласувајќи дека сега на нив е редот да покажаат што знаат на терен…

„Очекувам реакција од фудбалерите на терен на дуелот против Херта. Повеќе не сакам изговори. Сега е најважно гостувањето во Берлин. Ништо освен победа не ме интересира и фудбалерите мора да направат се да стигнат до тоа. На нив е ред“ – истакна Салихамиџиќ, кој како што е познато претходно информираше дека Вили Сањол е само моментално решение, а името на новиот тренер ќе се знае наскоро.

„Ги разгледуваме сите опции. Кога ќе дојдеме до конечна одлука ќе го именуваме новиот тренер“ – истакна Салихамиџиќ.

Засега најблиску до тренерската позиција е поранешниот стратег на Дортмунд, Томас Тухел.

Се вчитува...