Салихамиџиќ полудел на состанокот со Алаба: „Во каков свет вие живеете?“

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ „полудел“ за време на преговорите околу новиот договор на австрискиот фудбалер Давид Алаба.

Алаба има уште една година договор, па сака да го продолжи истиот. Но, за тоа сега бара плата од 20 милиони евра годишно. Неговиот агент Пини Захави ја соопштил оваа цифра на состанокот со Салихамиџиќ, а Хасан буквално полудел.

„Во како свет вие живеете? Зарем навистина верувате во тоа што го зборувате?“ – го прашал Салихамиџиќ агентот на Алаба откако ја слушнал цифрата.

Веднаш потоа, како што пренесува „Билд“, целата приказна се завршила. Состанокот завршил а повеќе не се разговарало ниту за продолжување на соработката. Според клупските информации, нема да биде ништо чудно сега Алаба да ја промени фудбалската средина.

Се вчитува...