Салцбург го сака Ристовски, Спортинг не го пушта

Стефан Ристовски и дефинитивно ќе ја мине и новата сезона во Спортинг Лисабон откако португалскиот клуб летово одби неколку понуди за продажба на македонскиот дефанзивец. Интерес искажаа екипи од Шпанија, а најконкретната понуда ја испрати австрискиот првак Лајпциг, но ставот на Спортинг остана непроменет – Ристовски не е за продажба.

„Понудата на Салцбург беше висока, но ние немаме намера да го продадеме Ристовски и затоа истата не ја разгледавме“ – истакнаа од раководството на Спортинг за португалските медиуми.

За очекување е Македонецот да биде стартен десен бек на Спортинг Лисабон во наредната сезона, откако португалскиот клуб го продаде Пичини во Валенсија за десет милиони евра.

Се вчитува...