Еуро Никел овогодишното издание на Купот на Македонија го заврши во полуфиналето откако во неизвесна завршница загуби од Работнички со 85-79. Избраниците на Горан Самарџиев одиграа одличен натпревар, но на крајот личните грешки на Мијатовиќ и Рикиќ беа пресудни за намалување на агресивноста во одбраната, а тоа го искористи Бундовиќ кој го наполни обрачот на кавадарчани.
По натпреварот тренерот на „сините“ изјави дека и покрај поразот е горд на прикажаното на неговиот тим.
„Мојот тим покажа една храбра борба и на тоа сум горд. Видовте крајно изедначен ова според мене е како финале. Сега сум полн со емоции и нема да коментирам како гледам на натпреварот. Влеговме рано со лични грешки, но машки издржавме и се боревме до крај. Ова беше еден дерби натпревар. Сега останува да се рехабилитираме после поразот и во среда да играме добра кошарка против Гостивар во плејофот. На добар пат сме“, изјави Самарџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА