Самарџиев со нов клуб – се сели во Словачка

Горан Самарџиев се реши за прв меѓународен предизвик во тренерската кариера, откако македонскиот стратег ја прифати понудата на словачкиот клуб Комарно. Самарџиев имаше неколку успешни сезони на клупата на Еуро Никел, еднаш стигна и до финалето на плејофот, но ланската сезона тој си замина од кормилото на кавадаречкиот прволигаш.

Преговорите со Комарно траеле кратко, откако словачкиот клуб го избрал токму Македонецот како идеален наследник за хрватскиот тренер Крајиновиќ, кој си заминува поради нарушени односи со екипата.

Самарџиев за неколку дена заминува за Словачка, но нема да има многу време за адаптација бидејќи веќе за една седмица стартува шампионатот во оваа земја. Првично зацртана цел е пласман во плејофот, нешто што популарниот „Шуш“ би требало без проблеми да го оствари ако се знае дека Комарно лани стигна до големото финале од словачкото првенство.

Се вчитува...