Сами Кедира пред трансфер во Арсенал

Германскиот интернационалец Сами Кедира се подготвува за лет во Лондон, на завршни преговори со англискиот премиерлигаш Арсенал. Тој е на излезна врата од Јувентус, а менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери во него гледа одлична замена за Арон Рамзи, кој пристигна токму во Торино.

Новиот тренер Маурицио Сари му порача на Кедира да си побара нова фудбалска средина, а тој не би имал против повторно да игра во ист тим со својот голем пријател Месут Озил.

Се вчитува...