Самир Насри му кажа збогум на фудбалот

Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри објави дека ја завршува својата кариера. Овој играч беше без клуб уште по раскинот на договорот со Андерлехт на крајот од минатата сезона, по што реши дефинитивно да се збогува со фудбалот на 34-годишна возраст.

Насри во кариерата ги бранеше боите на Олимпик Марсеј, Арсенал, Манчестер Сити, Севилја, Анталија, Вест Хем и Андерлехт, а најголеми успеси му се двете титули во Премиер-лигата со тимот на Манчестер Сити.

Како црна дамка на неговата кариера остана суспензијата од 18 месеци поради допинг изречена во 2018 година.

„Тоа беше голема неправда. Добив инјекција со витамини бидејќи бев болен, никогаш не сум се дрогирал, а се однесуваа кон мене како со криминалец. Тој момент ме исфрли од ритам, никогаш не се вратив во формата од пред суспензијата“, изјави Насри.

Се вчитува...