Само бод за Наполи од гостувањето кај Сасуоло

Наполи „киксна“ на гостувањето кај Сасуоло играјќи 1-1, со што лидерот Јувентус повторно има шанса да се одлепи на врвот на табелата во Серија А. Предноста на „старата дама“ е сега еден бод, но вечерва тимот на Масимилијано Алегри ќе го пречека Милан во дербито на колото.

Матео Политано во 22.минута го доведе Сасуоло во водство. Наполи долго време се мачеше да израмни, а тоа на гостите им успеа во 81.минута, кога Рожерио си постигна автогол.

Се вчитува...