Само еден фудбалер е побрз од Роналдо во Серија А

Кристијано Роналдо иако има 34 години се уште е во одлична форма. Тоа го покажува податокот дека Португалецот сезонава достигнал максимална брзина од 34.62 километри на час. Иако се одиграни само две кола во италијанското првенство, тој и на 34. годишна возраст е најбрз напаѓач.

Досега од него побрз е само дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас. Гркот достигна брзина од 35.41 километар на час.

По нив следуваат Симоне Заза од Торино (34.56км/ч), Џанлука Манчини од Рома (34.46км/ч) и Берат Џимсити од Аталанта (34.26км/ч).

Се вчитува...