Само еден клуб го сака Нејмар, но…

Бразилскиот фудбалер Нејмар би можел да го напушти Пари Сен Жермен. 30-годишникот веќе не е човекот околу кој се се врти во Париз, а голем број француски медиуми тврдат дека раководството на ПСЖ е подготвено да се реши од него.

Меѓутоа големиот договор кој го има Нејмар во Париз е голем проблем. Неговата плата на годишно ниво изнесува 50 милиони евра и не постои клуб кој би го прифатил. Сепак, има само еден клуб кој би се нафатил да го исплати Нејмар, а тоа е Њукасл. Најбогатиот клуб во светот би сакал да го види Бразилецот во своите редови, но фудбалерот не сака да оди таму.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Се вчитува...