Само еден меч казна за Роналдо во ЛШ

За црвениот картон добиен на мечот од воведното коло од Лигата на шампионите во кој Јувентус ја победи Валенсија, Кристијано Роналдо е санкциониран со само еден меч суспензија. Ова значи дека тренерот Масимилијано Алегри нема да може да смета на него на натпреварот од второто коло во  групната фаза, кога Јувентус го пречекува Јанг бојс.

Португалецот ќе биде во составот за пресметките со поранешниот клуб, Манчестер јунајтед.

На средбата со Валенсија, Роналдо доби директен црвен картон затоа што се обиде, според проценката на судијата Феликс Брих, да го повлече за коса  Џејсон Мурилјо. За него тоа беше прв црвен картон во Лигата на шампионите во кариерата.

 

Се вчитува...