Шампионката на Вимблдон во 2013 година и коментаторка на „Скај Спортс“, Марион Бартоли не крие колку била разочарана од изданието што го прикажа Александар Зверев во финалето на Мастерсот во Мадрид.
Со оглед на тоа што Синер и Карлос Алкараз ги освоија сите големи трофеи во првите четири месеци од годината, Бартоли има само еден заклучок:
„Само Новак Ѓоковиќ може да им парира на Синер и Алкараз. Кога е здрав и подготвен, тој е единствениот што може да биде на тоа ниво. За останатите, разликата во квалитетот е толку голема што стана страшно за нив кога играат против овие двајца“, изјави Бартоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
