Само „Комитите“ впечатливи на градската дерби-пресметка, Струга ТЛ со предност против Брегалница (ВИДЕО)

Единствено Струга ТЛ има предност по првото полувреме на денешни натпревари од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Работнички и Вардар играат без голови во 76-та меѓусебна градска пресметка, без многу возбудувања на теренот, со подпросечен фудбал.

Главниот впечаток од мечот е анимираната Западна трибина на која по две години повторно се вратија најверните вардарови навивачи „Комитите“ кои денеска единствено даваат амбиент за потсетување на некогашните славни денови на двата тима и меѓусебните нивни пресметки.

Во Тетово, Шкендија имаше предност против Силекс од 18. минута по погодокот на Красниќи…

Но, Силекс успеа да израмни на 1-1 во 35. минута со ефектниот гол на Ефтимов.

Струга ТЛ, пак, до предност од 1-0 на полувремето против Брегалница дојде со убавиот погодок на Шабани во 42. минута од средбата…


ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
Красниќи 18′ – Ефтимов 35′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Шабани 42′

ВЧЕРА
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Ѓорѓиевски 90’+2
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Дуду 4′, Трапановски 53′, Илиевски 85′ – Илиевски 61′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
Алпер Потук 5′, Кехинде 77′ – Вареловски 69′

Се вчитува...