„Само Конте може да воведе ред во Милан“

Наполи утрово и официјално ја потврди разделбата од Антонио Конте, додека само прашање на време е кога Милан ќе објави дека му е врачен отказ на Масимилијано Алегри, А според последните информации од Апенинскиот полуостров – токму Конте е главниот фаворит за клупата на „росонерите“, стратег со темперамент и карактер на роден победник кој ќе може да го разбуди заспаниот италијански џин.

Весникот „Кориере дело спорт“ обелодени дека првичните контакти се веќе стартувани, по што „росонерите“ биле импресионирани од Конте и веќе тргнале во тотална офанзива за да го осигураат неговиот потпис. Искусниот стратег како опција го има и враќањето на кормилото на италијанската репрезентација, таму ривал му е токму Алегри, па затоа и нема гаранции дека токму тој ќе биде изборот на новиот предводник на федерацијата, кој ќе биде избран во текот на следниот месец.

„Само Конте може да воведе ред во Милан. Свесни за тоа се челниците на клубот, кои знаат дека Конте пред две сезони стана шампион на Италија со Наполи кога овој тим не беше дел од ЛШ. Вербата е дека тој може истото да го повтори и на Сан Сиро и затоа преговорите се интензивираат“, пишуваат италијанските медиуми.

Милан бара одговор најдоцна за десет дена, а прогнозите велат дека се огромни шансите Конте да прифати и по Јувентус, Интер и Наполи, да седне на клупата на уште еден италијански гигант.

Се вчитува...