Само што дојде, „ѕвездата“ на ПСЖ сака да си замине

Холандскиот фудбалер Џорџино Вајналдум, беше едно од најсилно најавуваните засилувања во таборот на ПСЖ. Ја одби и Барселона за да потпише со Парижаните. Меѓутоа информациите се дека само по неколку месеци престој во францускиот главен град, Вајналдум искажал незадоволство и побарал заминување.

Информациите велат дека ПСЖ веќе тргнал да бара и замена, а изборот паднал на Брозовиќ, играчот на Интер. Медиумите велат дека Вајландум жалел за одлуката да се пресели во Париз, и дека  веќе најавил заминување во зимскиот преоден рок.

Вајналдум во последен момент ја одби Барса, и се реши да потпише за францускиот вицепрвак. Тој веќе изразил желба за враќање во Премиер-лигата, а неговиот поранешен клуб Њукасл е првиот кој ќе го дочека со „раширени раце“.

Се вчитува...