Само тројца фудбалери на Барселона се согласуваат за намалување на плата

Три дена по објавената информација дека првотимците на Барселона испратија документ до раководството на клубот искажувајќи го незадоволството од најавите за ново намалување на платите, следи нова вест од Каталонија.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека само тројца фудбалери се согласиле за намалување на платата, голманот Тер Штеген, Френки Де Јонг и Клеман Ленглет. Свесни за тешката ситуација поради пандемијата одлучиле да дадат поддршка на клупското раководство.

Раководството на Барселона се одлучи да ги намали платите на сите фудбалери за 30% откако минатата сезона приходот е намален за 203 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот. Челниците планираат дополнително да го исплатат потоа намалениот износ на фудбалерите кога ситуацијата ќе се нормализира. Но, мнозинството фудбалери, на чело со Лионел Меси, е против тоа.

Се вчитува...