Дури и со десетина нови ракометари во тимот, Веселин Вујовиќ успеа од Вардар да создаде беспрекорна машинерија што може да се носи со секој противник.
По стартното реми со Елверум следеа две големи домашни победи над Мешков Брест и вечерва над Алборг, како најава дека Скопје повторно е „неосвоива тврдина“, а Вардар по кратка пауза пак има тим што може да земе сечиј скалп во Лигата на Шампионите.
Доказ за тоа е фактот дека од 16-те екипи во ЛШ, Вардар, Пик Сегед и Кил се единствените што во првите три кола ја немаат почувствувано горчината на поразот.
Веспрем, ПСЖ и Киелце веќе во првите две рунди претрпеа по еден пораз, а денеска им се приклучи Барселона, па во групата Б веќе нема непоразени екипи. Што се однесува до групата А, „вардарци“ први го совладаа Алборг, останувајќи рамо до рамо со Пик Сегед и Кил како единствени без пораз во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА