Само верувај во себе: Тетоважата на херојот на Шериф од која застанува здивот (ФОТО)

Себастијан Тил e херојот на Шериф на денешниот дуел со Реал Мадрид, на кој интернационалецот од Луксембург со феноменален погодок донесе победа на молдавскиот првак за сензација во второто коло од Лигата на Шампионите.

Тил трпеливо ја чекаше својата шанса, па кога топката стигна до него на работ од шеснаесетникот маестрално ја смести во мрежата крај немоќниот Куртоа. Гол што дефинитивно е најзначајниот што некој фудбалер од Луксембург го има постигнато на клупски натпревар.

Приказната на Тил, кој е дојден во Шериф на позајмица од Прогрес Нидеркорн, е уште поинтересна ако се забележи неговата тетоважа на ногата, на која Себастијан барал да биде насликан тој самиот, како сонува за Лигата на Шампионите.

Само верувај во себе, се може да ти се исполни. Прашајте го Тил, фудбалерот од Луксембург, кој не само што заигра во ЛШ, туку и му даде гол на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...