Само во Барса: Валверде пред отказ и со цела сезона без пораз во Примера?!

Таков е светот на фудбалот, особено во гиганти како Барселона – Ернесто Валверде се соочува со опасност да добие отказ во каталонскиот гигант иако цела сезона нема претрпено ниту еден единствен пораз во Примера дивизион.

Валверде во својата дебитантска сезона го препороди тимот на Барса во Примера, успевајќи заминувањето на Нејмар воопшто да не се почувствува, но и да ја стабилизира играта во дефанзива на каталонците. Тој веќе го урна рекордот за најдолга серија без пораз во шпанскиот фудбал, атакува на цела сезона без неуспех, но каталонците сепак се незадоволни од неговата работа.

Како што јавува весникот „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на извори од највисоката управа на клубот, голем дел од клупските директори, но и фудбалери, се незадоволни од бројните ротации, што според нив беа главна причина за елиминацијата на Барса од Рома во Лигата на шампионите. Дел од фудбалерите директно му се спротивставиле на Валверде по фијаското на „Олимпико“, па сега на потег е управата, дали ќе застане зад тренерот или ќе размислува за нова опција.

Клучен се чини ќе биде претстојниот дуел со Севилја во финалето од Копа дел реј, победа би ја стабилизирала позицијата на тренерот, но евентуален пораз би го зголемил притисокот Валверде дури и со „перфектна“ сезона во Примера да си замине од „Камп ноу“.

Се вчитува...