Само во Јувентус: Соиграч го спречи Влаховиќ да постигне гол (ВИДЕО)

Јувентус се пласираше во осминафиналето од Лига Европа откако на реванш дуелот против Нант славеше со 3-0. Сите голови на мечот беа дело на неверојатниот Анхел ди Марија, а покрај Аргентинецот натпреварот го одбележа и неверојатната ситуација во која се најдоа Душан Влаховиќ и неговиот соиграч Алекс Сандро.

Имено, додека голманот на Нант беше во голот, српскиот интернационалец имаше чиста шанса да постигне гол пет метра од линијата, но во истиот го спречи Бразилецот кој влета со клизач. За среќа на торискиот клуб гол технологија призна гол на Ди Марија пред самата ситуација.

Се вчитува...