„Враќањето на Надал на тенисот, само, да не биде исто како она на Федерер“

Рафаел Надал најави дефинитивно враќање на тениските терени, потенцирајќи дека наредните денови ќе обелодени прецизно кога би било тоа.

Поранешниот светски тенисер број еден, Џим Куриер изрази задоволство од враќањето на Надал, но е внимателен со прогнозите.

„Сите се надеваме дека нема да го видиме тоа што му се случи на Федерер. Знаете дека Роџер напорно работеше да се врати на терените и кога се врати се случи едно лошо движење и тоа навистина потоа беше крај за него. Се надевам дека нема повторно да го видиме тоа сценарио. Добредојдено е Рафа повторно да го видиме на тениските терени, посебно на Ролан Гарос, но мора да внимаваме со прогнозите“ – вели Куриер.

Се вчитува...