Само Жозе Мурињо може да го спаси ПСЖ

Пребогатиот проект на катарските газди насловен „ПСЖ“ никако да вроди плод. Францускиот тим кој го собра сите ѕвезди на „Паркот на Принцовите“ и оваа сезона се чини дека е далеку од целта – освојување на Лигата на Шампиони, по првиот меч од осминафиналето против Баерн Минхен има негатива од 1-0, а притоа „светците“ се и во серија од три порази во три натпреварувања.

Ситуацијата во соблекувалната е далеку од идеална, а според последните пишувања на француските медиуми дел од играчите не комуницираат меѓу себе. Изгубена е и довербата кон тренерот Кристоф Галтие кој дефинитивно ќе биде заменет од „жешкото столче“ доколку ПСЖ не направи чудо во престижното натпреварување.

Опција за негов наследник е Жозе Мурињо кој е желба на клубот веќе подолго време. Луис Кампос веќе разговарал со Португалецот убедувајќи го да седне на клупата на „светците“ како единствен човек кој може да го спаси клубот.

Се вчитува...