Сампдорија преку Фиорентина до прва победа во Серија А (ВИДЕО)

Сампдорија ја совлада Фиорентина со 1-2 во првиот натпревар од 3. коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со 0-1 во првиот дел со голот на Фабио Квалјарела од пенал во 42. минута.

Душан Влаховиќ донесе израмнување во 72. минута. Во 76. минута гостите преку Мортен Торсби за момент дојдоа до ново водство, но голот по прегледување со ВАР беше поништен поради игра со рака. Сепак, тимот од Џенова на крајот успеа да стигне до трите бода, откако Вере стрелаше за 1-2 во 83. минута. По три одиграни меча и двата тима имаат освоено по три бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...