Сампрас: Неверојатен и „убиствен“, не случајно е прв на АТП … Јасно е дека Новак е „ГОАТ“

Легендарниот Пит Сампрас смета дека рекордот на Новак Ѓоковиќ по бројот на години што ги завршил на врвот на АТП листата го прави да биде неприкосновен.

Српскиот тенисер во понеделникот во Торино го освои пехарот наменет за најдобриот играч на крајот од сезоната. И рекорден седми пат. На тој начин и официјално постави нов рекорд, надминувајќи го настапот на својот идол Пистол Пит.

„Новак е поконстантен, освои повеќе титули, повеќе Грен слемови од мене. Не случајно е прв на АТП … Јасно е дека Новак е ‘ГОАТ’, мислам дека никој нема да ја заврши годината на прво место толку пати како него“, изјави Сампрас за АТП.

Сампрас беше прв на крајот од сезоната шест години по ред. И тоа го посочува како едно од неговите најголеми достигнувања.

„Не е добро да бидете сами во тенисот. Ментално, ако паднете, немате соиграч кој би можел да ве подигне. Ниту тренер кој ќе ви каже што да правите. Тенисерите се цел пакет. Исто така, мора да имате одреден став за да бидете први на светот. Треба да сакаш, да ти пречи кога некој друг е на тоа место. Така е и со Новак. Подготвен е да се менува, да учи, да биде подобар. Тој ме импресионираше со неговата трансформација“, заклучи Сампрас.

Се вчитува...