Самсоненко чести за „збогум“: Билетите за Фенербахче по 300 денари

Од 3.000 денари, сега 300 денари. Играта што најверојатно беше однапред смислена, а се откри со признанието на Сергеј Самсоненко дека си заминува од семејството Вардар, е заокружена со „честење“ за ‘збогум’, кога се во прашање билетите за натпреварот од плејоф колото во Лигата на Европа, против Фенербахче, в четврток на 17 август.

„Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани. Напред Вардар!“, соопшти Сергеј Самсоненко во официјалното соопштение.

Се вчитува...