Самсоненко: Ќе ги исплатам сите долгови на ракометарите

Долгогодишниот сопственик на РК Вардар, Сергеј Самсоненко, конечно се огласи во јавноста по бројните изјави на ракометарите за огромните средства што им се должат. Русинот во изјава за Фокус најави дека ќе ги исплати играчите во периодот што следи, но и не ја пропушти можноста да се пожали бидејќи не добил дополнителни средства од државата.

Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, порача Самсоненко за Фокус.

Во меѓувреме, се погласни се најавите дека Русинот на крајот од сезонава целосно ќе се повлече од раководењето со клубот и на негово место ќе се врати Михајло Михајловски, човекот кого Самсоненко го наследи на чело на „црвено-црните“.

Се вчитува...