Самсунспор со интерес за Ердон Даци

Беше четири години во Турција, па потоа замина во Белгија во 2021 година, каде го облече дресот на Вестерло. Но, по три години македонскиот репрезентативец Ердон Даци би можел да се врати во Турција, откако еден клуб е заинтересиран за неговите услуги.

Суперлигашот Самсунспор се интересира за неговите услуги, и би можел да го врати во Турција. Даци беше дел од Коњаспор, но без значајна улога, а откако замина во Белгија, едноставно имаше одлична прва сезона, по што беше повикан и за „А“ репрезентацијта на Македонија. Меѓутоа после тоа имаше тешка повреда поради која ја пропушти речиси целата мината сезона, а сега се врати на терените.

Даци потекнува од фудбалската школа на Вардар, а на дебито за македонскиот национален тим против Ерменија во Струмица, постигна гол.

Се вчитува...