Сан Антонио го раскинал договорот со Џошуа поради психички проблеми

Деветнаесетгодишниот Канаѓанец Џошуа Примо повеќе не е кошаркар на Сан Антонио Спарс. Клубот потврди дека е прекината соработката со младиот дефанзивец.

Примо во интервју за „ESPN“ објасни зошто е прекината меѓусебната соработка.

„Се надеваме дека, на долг рок, оваа одлука ќе биде најдоброто решение за нашиот клуб и за Џошуа“, рече главниот оперативец на Спарс, АР Си Буфорд во официјалното соопштение.

Примо исто така проговори за овој ненадеен прекин на соработката.

„Знам дека сите се изненадени од објавата. Барам помош да се справам со траумите што ги претрпев во минатото, за да можам сега повеќе да се фокусирам на третманите и на моето ментално здравје. Се надевам дека во иднина ќе можам да зборувам на оваа тема и да им помагам на другите кои се борат со истите проблеми“, изјави 19-годишниот дефанзивец.

Се вчитува...