Сан Антонио ја „заврши работата“ со Портланд (ВИДЕО)

Во втората рунда од плеј-офот во НБА се пласираа кошаркарите на Сан Антонио кои го елиминираа тимот на Портланд Треил Блејзерс до 114-95, и така ја добија серијата со 4-1.

Предвидениот исход се оствари. Портланд го доби само мечот во кој Виктор Вембањама не играше поради потрос на мозокот.

Спарси славеа рутински. По првата четвртина резултатот беше 36-24, а разликата до крајот само растеше. Последната четвртина веќе се беше решено, и Портланд ја добија само последната четвртина.

Залудно беа 22 поени на Авдија. Кај Сан Антонио имаше неколку расположени стрелци, пред се Фокс со 21 поен, потоа Шампањ постигна 19, Харпер 17, а Вембенјама исто толку, со тоа што Французинот запиша и 14 скока.

Од другите средби, Филаделфија го совлада Бостон со 113-97 на негов терен, и намали на 3-2 во серијата. Њујорк поведе во серијата со Атланта победувајќи пред своите навивачи со убедливи 126-97.

НБА, РЕЗУЛТАТИ: 

БОСТОН – ФИЛАДЕЛФИЈА 97-113 (3-2)

ЊУЈОРК – АТЛАНТА 126-97 (3-2)

САН АНТОНИО – ПОРТЛАНД 114-95 (4-1)

Се вчитува...