Сан Антонио на чекор до финалето на Западот

Кошаркарите на Сан Антонио во драматичен натпревар стигнаа до третата победа (3-2) во полуфиналето на плејофот, откако по продолжение го совладаа Хјустон со 110-107 по продолжението. Аргентинскиот ветеран Ману Џинобили беше одличен во моментите на одлука, кога „мамузите“ останаа без Кавај Леонард. Тој запиша 12 поени, седум скока и пет асистенции, но и го изблокира најдобриот противнички кошаркар Харден во шут за три поени, во обид да донесе ново продолжение.

Кај Сан Антонио, Милс уфрли 20 поени, Дејмонд Грин имаше 16 поени, додека Леонард забележа 22 поени пред да се повреди. Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 33 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Се вчитува...