Санчез сам ја „реши“ Ница, Монпелје го наполни голот на Брест (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј стигна до убедлив триумф од 0-3 на гостувањето кај Ница во натпревар од 4. коло во француската Лига 1. Главен творец на триумфот на поранешниот европски првак беше најновата аквизиција Алексис Санчез кој беше стрелец на два гола.

Гостите поведоа со голот на Алексис Санчез во 10. минута. со 0-1. Таварес во 37. зголеми на 0-2, додека до крајот на првиот дел Санчез со својот втор гол ги постави конечните 0-3.

Фудбалерите на Монпелје го наполнија голот на Брест совладувајќи го со 0-7. Во останатите два меча во програмата од 15 часот Лоирен – Клермон 2-1 и Троја – Анже 3-1.

 

Nice 0-3 Marseille – Alexis Sanchez 42′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...