Санчо го олади Јунајтед: Уживам играјќи за Борусија Дортмунд

Шансите Џејдон Санчо летово да се пресели во Манчестер Јунајтед се сведоа на теорија откако англискиот репрезентативец јавно ја потврди својата лојалност кон Борусија Дортмунд. „Црвените ѓаволи“ не можат да се договорат со германскиот клуб околу висината на отштетата, одбиваат да платат 120 милиони евра за Санчо и се надеваа дека самиот фудбалер би можел да изврши притисок врз клубот во обид да изнуди трансфер.

Санчо не само што не го стори тоа, туку и јавно стави до знаење дека неговите планови за сезонава се поврзани со „милионерите“ од Дортмунд.

„Многу сакам да играм за оваа дружина. Ова е специјална група на играчи, имаме и неколку врвни млади суперталенти што ни се приклучуваат. Среќен сум што го делам теренот со него, уживам играјќи за Борусија и предводејќи ги помладите“, изјави Санчо.

Се вчитува...